НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ОТВОРИ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ОТВОРИ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВОТелефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот. (Архивска фотографија)

    Од денес до завршување на изборите на 8 мај  граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321 која ја отвори Народниот правобранител. Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на деновите на гласањето.

    Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

    „Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира