Пак избувна пожар кај стариот полигон под скопско Кале. Гори ѓубре и трева, а во близина на пожарот има паркирано неколку автомобили, кои засега не се зафатени со огнот.
Ова е втор пат за четири дена да избие пожар на полигонот на кој порано се полагаше испити. Просторот сега е запуштен, затрупан со ѓубре, но паркирањето е бесплатно, па затоа постојано се паркираат коли особено за викендите и другите слободни денови.
Во пожарот кој избувна минатиот викенд се запалија 5 коли.
А. АНТЕВСКА