САД: „НЕ ПОДДРЖУВАМЕ КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    “Владата на Соединететите Американски Држави не поддржува кандидати за избори во други земји. Македонија не е исклучок.” Ова е одговор на американската амбасада во Скопје на прашањето дали денешната насловна страница на весникот „Вест“ значи дека САД официјално поддржале еден од кандидатите за претстојните избори.

    Денешен “Вест” објави колумна излезена во “Вашингтон тајмс” на авторот Џејсон Кац , кој е директор на ТСГ, ЛЛЦ, консултантска куќа за стратешки комуникации и политички консултации, а која “Вест” ја пренесе како наводно директно мешање на официјален Вашингтон во изборната трка во Македонија и фаворизирање на Никола Груевски како иден премиер. Текстот потоа беше пренесен и од други медиуми.

    Авторот на колумната е професионалец за односи со јавност, кој долго време работел за Владата на Азербејџан. Тој има напишано повеќе статии, во кои ги опишува Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како прозападни.

    “Вест” ја преобјави кусата анализа на Кац за предизборието во САД, а во тој контекст пишува и за ситуацијата во Македонија. “Од едната страна, за среќа на Македонците, е популарниот и успешен досегашен и, најверојатно, иден премиер Никола Груевски. Од другата страна е Зоран Заев и неговата опозициска социјалдемократска партија, Заев, познат рекетар, наизменично сака да ги бојкотира и да ги одложи изборите”, пренесе “Вест” дел од колумната на Кац.

    Кац пишува дека “со помош од ЕУ и од САД, Македонија може да ги надмине опструкциите на Заев и на неговите ортаци, и кога, конечно, ќе се одржат изборите, Груевски, најверојатно, повторно ќе биде избран за премиер.”.

    Изминативе месеци, ВМРО-ДПМНЕ склучи договор со повеќе компании од Вашингтон, како New Partners Consulting, Inc. и Global Security and Innovative Strategies LLC, GSIS. Вкупната вредност на овие договори е околу 1,7 милиони долари годишно.

    Средбата на Груевски со потпретседателот на САД Џо Бајден на почетокот на годинава беше кусо по потпишувањето на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и фирмата за лобирање основана од лидерот на мнозинството во Сенатот на САД, Том Дашел (демократ од Јужна Дакота).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира