СКРАТЕНИ ЧАСОВИ НА 23 АПРИЛ И 7 МАЈ ВО ШКОЛИTE КАДЕ ШТО ЌЕ ИМА ГЛАСАЊЕ

    СКРАТЕНИ ЧАСОВИ НА 23 АПРИЛ И 7 МАЈ ВО ШКОЛИTE КАДЕ ШТО ЌЕ ИМА ГЛАСАЊЕ

    На 23 април и 7 мај учениците ќе имаат скратени часови, во оние училишта каде ќе се одвива изборниот процес, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). На 24 април е закажан првиот круг од претседателските избори, а на 8 мај, вториот круг од претседателски избори и парламнетарни избори.

    „23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред“, вели МОН.

    Од Министерството додаваат дека иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал.

    Соговорници од неколку скопски туристички агенции ни рекоа пролетниот распуст за учениците и Велигденските празници, искомбинирани со 8 мај ги наполнија директните летови од Македонија до познатите туристички летувалишта во Турција.

    Први Мај се паѓа во среда и е неработен за сите граѓани, а 3 мај, Велики петок е неработен за граѓните од православна вероисповед.

    За првпат годинава, учениците ќе имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела).Но, Велигден е на 5 мај, а секогаш денот после Велигден е неработен, значи 6 мај е неработен. На 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, а со одлука на Владата од 16 април, тој ден, среда, ќе биде неработен за сите граѓани. Што значи, дека учениците само што ќе тргнат на училиште на 7 мај, пак ќе одморат еден ден.

    На денот на изборите 24 април и 8 мај кои Владата ги прогласи за неработни, Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдени со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат. Тоа значи дека приватните фирми или компании можат да работат ако сакаат, не треба да им даваат празнична дневница на вработените и не може да заработат казна, ама и вработените не мора да доаѓаат оти се заштитени со одлука на Владата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира