ДУБАИ СО ГОДИНИ ЈА КОРИСТИ ТЕХНИКАТА СЕЕЊЕ ОБЛАЦИ ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ НА ДОЖДОТ, НО ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ТОА НЕ Е ПРИЧИНАТА ЗА РЕКОРДНИТЕ ПОПЛАВИ

    ДУБАИ СО ГОДИНИ ЈА КОРИСТИ ТЕХНИКАТА СЕЕЊЕ ОБЛАЦИ ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ НА ДОЖДОТ, НО ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ТОА НЕ Е ПРИЧИНАТА ЗА РЕКОРДНИТЕ ПОПЛАВИДубаи е сместен на брегот на ОАЕ и вообичаено е многу сув (Фото: АП)

    Пустинскиот град Дубаи се бори со досега невидени поплави како резултат на обилни дождови, кои значително го нарушија секојдневниот живот. Ова покрена шпекулации за техника наречена сеење облаци.

    Дубаи е сместен на брегот на Обединетите Арапски Емирати и вообичаено е многу сув. Просечните годишни врнежи изнесуваат помалку од 100 милиметри, но одвреме-навреме се случуваат екстремни поројни дождови. Во градот Ал-Аин, оддалечен 100 километри од Дубаи, се забележани 256 милиметри дожд за само 24 часа.

    Овој дел од светот се карактеризира со долги периоди без дожд и потоа со нередовни силни врнежи, но и покрај тоа, ова беше редок временски настан“, изјави Мартен Амбаум, метеоролог од Универзитетот во Рединг.

    Сеење облаци вклучува манипулирање со постоечките облаци за да се помогне да се произведе повеќе дожд. Тоа може да се постигне така што од авион се испуштаат мали честички во облаци, најчесто соли. Водената пареа потоа може полесно да се кондензира и да се претвори во дожд. Оваа техника постои со децении и Обединетите Арапски Емирати ја користат во последните години.

    Набргу по невремето во Дубаи, некои корисници на социјалните мрежи избрзаа да заклучат дека тоа се должи на неодамнешните активности на сеење облаци во земјата. Сепак, експертите сметаат дека сеењето би можело да има мало влијание врз бурата.

    Дури и ако сеењето ги поттикнало облаците над Дубаи да испуштаат вода, атмосферата најверојатно попрво би носела повеќе вода за да формира облаци поради климатските промени“, додаде Амбаум.

    Во изминатата недела, метеоролозите укажуваа на ризик од поплави низ заливот.

    Засега не може да се каже колку климатските промени придонеле за ова историско невреме, но рекордните врнежи се во согласност со тоа како се менува климата. На пример, потоплиот воздух може да задржи повеќе влага – околу дополнителни 7% за секој Целзиусов степен, што пак може да го зголеми интензитетот на дождот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира