ГРЦИЈА ЈА ОДБИ ТУРЦИЈА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ОСУМ ВОЈНИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Атина,(Ројтерс)

    ГРЦИЈА ЈА ОДБИ ТУРЦИЈА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ОСУМ ВОЈНИЦИ

    Врховниот суд на Грција пресуди против екстрадиција на осум турски војници кои избегаа во Грција во јули по неуспешниот обид за пуч во Турција, соопштија од највисокиот грчки суд.

    Осумтемина војници слетаа со хеликоптер во северна Грција на 16 јули и побараа политички азил, велејќи дека стравуваат за нивните животи во Турција.
    Турција побара од Грција да ги екстрадира војниците со образложение дека биле вклучени во обидот за пуч и ги нарече предавници.

    Сите осуммина тврдат дека не биле вклучени во обидот за соборување на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, по кој следуваше чистка во војската и државната администрација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира