НАД 26 ОТСТО Е ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 13 ЧАСОТ, НАЈМНОГУ ГРАЃАНИ ГЛАСАЛЕ ВО НОВАЦИ, А НАЈМАЛКУ ВО ВРАПЧИШТЕ

    НАД 26 ОТСТО Е ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 13 ЧАСОТ, НАЈМНОГУ ГРАЃАНИ ГЛАСАЛЕ ВО НОВАЦИ, А НАЈМАЛКУ ВО ВРАПЧИШТЕЗа денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019,  рече на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

    Според пристигнатите податоци, најголема излезност има во Новаци, 42,87 насто, а најмала во Врапчиште, 10, 18 отсто. Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места.

    Досега до ДИК се доставени 140 приговори, од нив 16 се усвоени и на избирачите им  е дозволено гласање, 8 се отфрлени, а 9 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

    Овие избори ги надгледуваат 950 домашни и 540 меѓународни набљудувачи и 58 странски новинари. За денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани.

    Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

    Освен на бесплатната телефонска линијата, може да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, на улицата Македонија бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза). Денеска дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на (045).228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на (047) 242-310, Штип на (032) 389-701 и во Куманово на (031) 431-488.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира