НОВАЦИ СО РЕКОРДНА ИЗЛЕЗНОСТ, ПОГОЛЕМА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО 2019

    НОВАЦИ СО РЕКОРДНА ИЗЛЕЗНОСТ, ПОГОЛЕМА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО 2019Со 42,87 проценти од жителите со право на глас кои до 13 часот излегле на гласање, Новаци е на прво место по излезност во државата. (Фото: СДК.МК)

    Општина Новаци, како и во сите претходни изборни циклуси, така и сега во првиот круг на претседателските избори руши рекорди по излезност на гласачите. Со 42,87 проценти од жителите со право на глас кои до 13 часот излегле на гласање, таа е на прво место по излезност во државата.

    Тоа е повеќе дури од пред пет години, кога излезноста до 13 часот изнесувше 33,12 отсто. Но, и тогаш оваа општина која е една од најголемите по површина во државата, но со најретка населеност, предничеше пред другите општини по број на излезени гласачи. Сепак, најголема излезност имаше на локалните избори во 2021, кога до 13 часот гласаа 43,70 отсто од гласачите.

    Од 24 избирачки места, со најмал број на гласачи се оние во Мариовско, како Будибирци со 6 гласачи, Добровени со 8 и Старавина со 10.

    Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека во змејава излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира