ЕУ НА 25 ЈУНИ ЌЕ ПОЧНЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈА

    ЕУ НА 25 ЈУНИ ЌЕ ПОЧНЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈАУкраинскиот претседател Володимир Зеленски и молдавската претседателка Маја Санду. (Фото: РСЕ).

    Европската унија на 25 јуни во Луксембург ќе ги почне пристапните преговори со Украина и Молдавија. Преговорите ќе започнат преку две меѓувладини конференции, соопшти белгиското претседателство.

    „Советот на ЕУ ги усвои општите позиции на ЕУ, вклучително и преговарачките рамки, за пристапните преговори со Украина и Молдавија“, се вели во пораката на Х, додавајќи: „Ова го отвора патот за започнување на преговорите во вторник, 25 јуни, во Луксембург.

    Официјалното отворање на преговорите со Украина ќе се случи прво, во 15 часот и 30 минути, а потоа во Молдавија во 18 часот, се вели во пораката.

    Европската комисија на 7 јуни препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.

    Во случајот со Украина, дел од бараните реформи беа борба против корупцијата, деолигархизација и заштита на националните малцинства. Во меѓувреме, Молдавија ги исполни критериумите поврзани со судските реформи, деолигархизацијата и борбата против корупцијата. Украина и Молдавија поднесоа кандидатури веднаш по почетокот на руската инвазија и добија кандидатски статус во јуни 2022, добивајќи условно одобрување за почеток на преговорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира