ХОЛАНДСКИ ОДБОЈКАР КОЈ БИЛ В ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЌЕ ИГРА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ

    ХОЛАНДСКИ ОДБОЈКАР КОЈ БИЛ В ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЌЕ ИГРА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗСтивен фан де Фелде добил четири години затвор во 2014 и бил ослободен во 2017 (Фото: Рекс)

    Шефовите на холандската одбојка ја бранат одлуката што во олимпискиот тим за Париз вклучија играч кој бил осуден за силување дете.

    Стивен фан де Фелде добил четири години затвор во 2014 за силување на 12-годишно британско девојче кое го запознал преку интернет. Откако отслужил дел од казната во Велика Британија, Фелде бил вратен во Холандија, каде што казната му била прилагодена на тамошните закони и бил ослободен во 2017.

    „Фан де Фелде докажа дека е примерен професионалец и човек и нема причина да се сомневаме во него. Тој ја има нашата полна поддршка. Откако беше ослободен, тој побара професионална помош“, соопшти Холандската одбојкарска федерација.

    Олимпискиот комитет на Холандија кажа дека Фелде ги исполнил сите квалификациски услови за настап на ОИ во Париз, каде што ќе се натпреварува во одбојка на песок.

    „Разбирам дека во пресрет на најголемиот спортски настан во светот ова може да го привлече вниманието на меѓународните медиуми. Не можам да го поништам она што го сторив и ќе морам да се носам со последиците. Тоа беше најголемата грешка во мојот живот“, се огласи и Фелде.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира