Д-р Небојша Настов е нов в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а д-р Злате Мехмедовиќ на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација, соопшти Министреството за здравство. Министерот д-р Арбен Таравари именуваше нови в. д. медицински директори на уште 10 јавни здравствени установи.
На Клиниката за уво нос и грло именуван е д-р Игор Камшикоски, на Дерматологија е д-р Катерина Дамевска, на Институтот за радиологија е д-р Соња Николова, на Клиниката за гинекологија и акушерство е д-р Ирена Алексиоска-Папастиев, Клиникаат за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања е д-р Танер Хасан, на Психијатрија е д-р Славица Арсова-Хаџиангелковска, на Клиниката за гастроентерохепатологија е д-р Мери Трајковска, на Нефрологија е д-р Никола Ѓоргиевски, а на Ревматологија е д-р Емилија Сандевска.
Д-р Арѓент Муча е именуван за в. д. директор на Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар.