Во новата учебна 2024/25 година, секој понеделник и во прва и во втора смена македонската химна ќе биде интонирана на почетокот од наставата во основните училиште во Општина Велес, одлучи Советот.
„При интонирање на химната, основните училишта се должни задолжително да обезбедат соодветни услови за достоинствено следење на химната од страна на сите ученици, вработените и други присутни од почетокот до крајот на интонирањето на химната“, се вели во одлуката.
Одлуката беше донесена едногласно со 20 гласа „за“, а беше беше предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.
П. ПЕЧКОВ