АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ИЗЛЕТА ОД БУЛЕВАРОТ И СЕ КАЧИ НА ЖАРДИНИЕРА КАЈ „МАВРОВКА“, ПОВРЕДЕНИ СЕ ВОЗАЧОТ И ЖЕНА

    АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ИЗЛЕТА ОД БУЛЕВАРОТ И СЕ КАЧИ НА ЖАРДИНИЕРА КАЈ „МАВРОВКА“, ПОВРЕДЕНИ СЕ ВОЗАЧОТ И ЖЕНАПовредените се пренесени в болница. (Фото: СДК.МК)

    Денеска околу 14.50 часот автобус на ЈСП „Скопје“ се качи на жардинерата вртејќи на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на градот. Две лица се повредени, соопшти од Министеството за внатрешни работи (МВР).

    „Во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на булеварот Гоце Делчев, автобус на ЈСП движејќи се по булеварот излегол од коловозот во близина на клучката со улица Филип Втори Македонски. Еден патник од автобусот и возачот се пренесени в болница за укажување помош. Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје“, велат од МВР.

    Од ЈСП „Скопје“ и Град Скопје уште немаат никакво соопштение во врска со инцидентот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира