ЖИТЕЛИТЕ НА БАРСЕЛОНА ГИ ПРСКАА ТУРИСТИТЕ СО ПИШТОЛИ СО ВОДА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ

    ЖИТЕЛИТЕ НА БАРСЕЛОНА ГИ ПРСКАА ТУРИСТИТЕ СО ПИШТОЛИ СО ВОДА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМОколу 2.800 лица демонстрираа против масовниот туризам во центарот на градот. (Фото: АП)

    Околу 2.800 демонстранти изминатава сабота прскаа со вода туристи во области низ Барселона, како знак на протест против масовниот туризам. Демонстрантите кои маршираа низ областите популарни кај туристите извикуваа „Туристи одете си дома“ и ги прскаа со пиштои со вода, додека други носеа транспаренти со слогани како „Барселона не се продава“.

    Според Градскиот совет на Барселона, околу 2.800 лица демонстрираа против масовниот туризам во центарот на градот.

    Неодамна беа забележани слични акции на Канарските Острови и Мајорка, осудувајќи го влијанието врз животните трошоци и квалитетот на животот на локалното население. Демонстрациите беа организирани од група од повеќе од 100 локални организации.

    Според официјалните податоци, лани речиси 26 милиони туристи ноќевале во регионот на Барселона и потрошиле 12,75 милијарди евра. Сепак, локалните организации велат дека овие туристи ги зголемуваат цените и вршат притисок врз јавните услуги, додека профитот од туристичката индустрија е неправедно распределен и ја зголемува социјалната нееднаквост.

    Тие објавија 13 предлози за намалување на бројот на туристи и транзиција на градот кон нов модел на туризам, вклучително и затворање на пристаништата за крстарење, поголема регулација на туристичкото сместување и крај на јавната потрошувачка за промоција на туризмот.

    Градоначалникот на Барселона, Хауме Колбони, ги повтори мерките што ги најави минатиот месец за да се намали влијанието на масовниот туризам, вклучително и зголемување на ноќната туристичка такса на 4 евра и ограничување на бројот на патници на крузерите.

    На крајот на јуни, Колбони, исто така, објави дека ќе стави крај на изнајмувањето станови за туристи до 2028 со укинување на лиценците за краткорочно изнајмување за повеќе од 10.000 станови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира