УЧИЛИШТАТА И РОДИТЕЛИТЕ ДОБИЈА ПРАШАЛНИК ДАЛИ САКААТ ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    УЧИЛИШТАТА И РОДИТЕЛИТЕ ДОБИЈА ПРАШАЛНИК ДАЛИ САКААТ ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНААко има пролетен распуст, учебната година ќе заврши на 13 јуни, а ако нема, на 10 јуни 2025. (Фото: К. Попов)

    Наставниците, учениците, родителите/старателите може да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во измината учебна година, соопшти Миниистерството за образование и наука (МОН).

    „Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на линк“, велат од МОН.

    Оттаму додаават дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Ако, пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни.

    Изминатиoв мај, за првпат учениците имаа пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела). Но, тогаш учениците и родителите добија продолжен одмор. Пролетниот распуст за учениците и Велигденските празници, искомбинирани со 8 мај, денот кога се одржаа парламентарните и вториот круг од претседателските избори ги наполнија директните летови од Македонија до познатите туристички летувалишта во Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира