СТОПАНСКАТА КОМОРА ЌЕ ДАДЕ СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ КОИ ОСВОЈУВААТ НЕВИДЕНИ РЕЗУЛТАТИ НИЗ СВЕТОТ, РЕЧЕ ЈАНЕВСКА

    СТОПАНСКАТА КОМОРА ЌЕ ДАДЕ СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ КОИ ОСВОЈУВААТ НЕВИДЕНИ РЕЗУЛТАТИ НИЗ СВЕТОТ, РЕЧЕ ЈАНЕВСКААзески и Јаневска разговарале и за поголемо вклучување на компаниите кои ќе соработуваат со стручните училишта, за повеќе можности за прием на ученици на практична обука. (Фото: МОН)

    Стопанската комора на Македонија ќе спонзорира дел од учениците кои одат на Олимипијади и освојуваат невидени резултати во светот, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

    Изминатиов период, македонските ученицис со помош на донации патуваат и учествуваат на најзначајни меѓународни натпревари и освојуваат златни медали.

    Министерката денеска разговараше со претседателот на Комората, Бранко Азески, и на прес-конференцијата кажаа дека разговарале за повеќе теми во соработката на образовните институции и бизнис заедницата.

    „Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Стопанската комора за помошта која ни ја даде за стипендирање на учениците кои освојуваат невидени резултати во светот. Бидејќи во овој момент ние како Министерство за образование и наука (МОН) немавме законско решение за стипендирање на учениците кои одат надвор на Олимпијади, се обративме до комората да помогне во спонзорирање на дел од овие ученици“, кажа Јаневска.

    Министерката рече дека бизнис заедницата е важен фактор во механизмот за синхронизирање на образовниот систем со пазарот на трудот, како процес чија цел е заеднички интерес, а тоа е намалување на невработеноста во државата и раст на економијата.

    „Ниту институциите, ниту пак бизнисот не може да напредува ако делуваме индивидуално, без добро планиран заеднички пристап“, рече Јаневска.

    Тие разговарале и за поголемо вклучување на компаниите кои ќе соработуваат со стручните училишта, за повеќе можности за прием на ученици на практична обука, поддршка во форма на стипендии и друга финансиска стимулација, загарантирано работно место по формализација на образованието.

    „Присуството на странските инвеститори, па и водечките домашни компании имаат потреба од нови технологии кои се значајни за зголемување на конкурентноста. Ние ќе имаме додадена вредност на нашите производи, ако ги намалиме трошоците во нашата земја, ако создадеме кадар кој нема да ја напушта татковината и ако во буџетот се одвојат доволно средства за развоја на образованието“, рече Азески.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира