ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАДАТА ДОГОВАРА ФИРМИ ОД УНГАРИЈА ДА КУПУВААТ МЕДИУМИ ВО ЗЕМЈАВА

    ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАДАТА ДОГОВАРА ФИРМИ ОД УНГАРИЈА ДА КУПУВААТ МЕДИУМИ ВО ЗЕМЈАВАПремиерот Мицкоски по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон кажа дека унгарската Влада ќе ѝ позајми на македонската Влада 500 милиони евра. (Фото: Фејсбук)

    Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека се договара фирми од Унгарија да купуваат медиуми во земјава. Тој ова го кажа на денешниот брифинг со новинарите говорејќи за кредитот кој Владата го зема од Унгарија. За лидерот на опозицијата е нелогично што за првпат во историјата на земјава се зема кредит од друга држава, а не од банки и финансиски институции, кои имаат процедури и гаранции кога се врши задолжување.

    Нелогично е зошто една земја која нема пари и се задолжува со поголема стапка, нам да ни дава заем со помала стапка. Дали нешто се крие за тоа? Инсистираме Владата што побргу да го даде законот во Собрание и да се каже потеклото на парите. Дали има некоја тенденција, дали има можеби тенденција компании од Унгарија да преземаат тука медиуми? Зошто првпат во историјата посегнуваме од друга држава билатерално да земаме пари?“, рече лидерот на СДСМ на денешниот брифинг со новинарите.

    Премиерот Мицкоски рече дека наместо СДСМ да критикува, треба да им одговори на граѓаните зошто се земале кредите по повисоки каматни стапки и да ги вратат парите кои ги украле од граѓаните.

    Мицкоски по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон кажа дека унгарската Влада ќе ѝ позајми на македонската Влада 500 милиони евра. Позајмицата е со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира