ТОМ КРУЗ СЕ СПУШТИ ВО СТАДИОНОТ ВО ПАРИЗ ОД ВИСОЧИНА ОД 50 МЕТРИ ЗА ДА МУ ГО ПРЕДАДЕ ОЛИМПИСКОТО ЗНАМЕ НА ЛОС АНЏЕЛЕС

    ТОМ КРУЗ СЕ СПУШТИ ВО СТАДИОНОТ ВО ПАРИЗ ОД ВИСОЧИНА ОД 50 МЕТРИ ЗА ДА МУ ГО ПРЕДАДЕ ОЛИМПИСКОТО ЗНАМЕ НА ЛОС АНЏЕЛЕСНастапот на Круз изгледаше како сцена од „Невозможна мисија“ (Фото: АП)

    Том Круз го украде шоуто на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз, драматично симнувајќи се од покривот на стадионот „Стад де Франс“ како во сцена од неговиот филмски серијал „Невозможна мисија“. Носејќи кожна јакна и ракавици, 62-годишниот Круз се спушти во стадионот од височина од 50 метри, означувајќи го примопредавањаето на олимпиското знаме на домаќинот на следните ОИ во 2028 – Лос Анџелес.

    Тоа беше проследено со претходно снимено видео, во кое Круз патуваше низ Париз и потоа во САД.

    Круз е познат по тоа дека самиот ги изведува акционите сцени во своите филмови, па во последните години се качуваше по највисоката зграда во светот Бурџ калифа во Дубаи и висеше од надворешната страна на авион во полетување.

    Тој беше снимен неколкупати во Париз за време на ОИ и неговото појавување на завршната церемонија беше очекувано.

    Беше неверојатно. Големи приказни, големи спортисти, неверојатно е тоа што го прават“, кажа Круз.

    Во музичкиот дел, на затворањето настапија „Ред хот чили пеперс“, Били Ајлиш, Снуп Дог и Доктор Дре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира