ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ДОНИРА ПАРИ ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО БЕРЛИН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ НЕ ОБРАЗЛОЖУВА ЗОШТО Е ТОА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ДОНИРА ПАРИ ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО БЕРЛИН, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ НЕ ОБРАЗЛОЖУВА ЗОШТО Е ТОА ЈАВЕН ИНТЕРЕСГрадоначалникот Герасимовски на промоција на смарт табли во основните училишта. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар ќе донира пари за да се изгради црква во Берлин, Германија. На следната седница на Советот на Општина Центар која ќе се одржи на 11 септември, точка на дневен ред е одлука за давање донација на Македонската православна епархија во Европа – Берлин, македонска црковна општина „Св. Климент Охридски“.

    Во одлуката не стои колку пари ќе се донираат, ниту пак има образложение од градоначалникот Горан Герасимовски кој е јавниот интерес да се трошат буџетски пари за верски објект во Германија. СДСМ има најмногу советници,9, во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има 8 и по три независната листа на граѓани „Шанса за Центар“ и Левица.

    До Општината е стигната и покана за претставници да присуствуваат во Берлин на осветувањето на камен-темелникот на црквата, кое ќе се случи на 15 септември, четири дена откако треба да се донесе одлука на Советот.

    Од Општина Центар не добивме одговор на нашите прашања зошто се донираат пари за верски објект во Германија, ниту колку членови ќе брои делегација што ќе оди во Берлин на осветување на камен-темелникот.

    Од советничката група „Шанса за Центар“ велат дека нема да ја гласаат оваа одлука и предлагаат сите оние кои го поддржуваат предлогот на градоначалникот, наместо да трошат од јавните пари на граѓаните, да направат лична донација со донирање на месечниот надомест за учество во Советот.

    Општина Центар со одлука веќе е милостива кон МПЦ бидејќи не им наплаќа пенали за незавршена градба на улица Македонија за црквата ‘Свети Константин и Елена’. Во Општина Центар МПЦ е коинвеститор-сопственик на дел од зградите кај ‘Холидеј ин‘“, велат од „Шанса за Центар“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира