„Не може Мето Витанов да одлучува за 18. 400 грагани кои својот глас на последните локални избори га дадоа за коалицијатана СДСМ, каде тој речиси четири години беше советник“, реагира струмичката СДСМ откако денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека го добила мнозинството во Советот со преминувањето на Витанов од ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски во нивните редови и побара итна седница за избор на нов претседател на Советот но и в.д. градоначалник од редовите на советниците.
„ВМРО-ДПМНЕ и сѐ е можно. Тврдењата дека неморалниот чин на еден поединец преставува волја на граѓните на Струмица е во најмала рака манипулација. Ние освоиевме 18.425 гласови . Замислете волјата на граганите е поголема од само еден граѓанин кој беше дел од победничката коалиција на СДСМ. Ќе беше доблесно да ги каже причините. Ова е срамен чин и коментар не е потребен. Го повикуваме Витанов да си ја преиспита својата одлука и да ја тргне дамката која сам си ја стави, бидејќи следува голем пад на ВМРО-ДПМНЕ на државно и локално ниво“, рече Марјан Даскаловски претседател на ОО СДСМ Струмица.
Силите во струмичкиот совет беа 12:11 за коалицијата на СДСМ, а со преминувањето на Витанов коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе го има мнозинството во Советот, на 3 месеци пред одржувањето на следните локални избори.