ВЛАДАТА ГИ УКИНА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА НА ИНТЕРНЕТ

    ВЛАДАТА ГИ УКИНА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА НА ИНТЕРНЕТЛиценците се одземени поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување.(Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница ги укина лиценците за игри на среќа на Интернет. Како што велат од Владата, лиценците се одземаат поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување.

    „Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на дрвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија ‘Ново ВЛТ‘ и друштвата за приредување интернет игри на среќа ‘Моцарт’, ’77 Битс’ и ‘Везус‘ во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија ‘Касинос Аустриа‘‘, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира