СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ СО ОСКАРОВЕЦОТ ДАНИЕЛ ДЕЈ-ЛУИС ПРЕКИНАТО ОТИ СООБРАЌАЈЦИТЕ ГИ КАЗНИЛЕ ЗА ПОГРЕШНО ПАРКИРАЊЕ КОЛИТЕ ОД ЕДНА СЦЕНА

    СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ СО ОСКАРОВЕЦОТ ДАНИЕЛ ДЕЈ-ЛУИС ПРЕКИНАТО ОТИ СООБРАЌАЈЦИТЕ ГИ КАЗНИЛЕ ЗА ПОГРЕШНО ПАРКИРАЊЕ КОЛИТЕ ОД ЕДНА СЦЕНАОпштинските сообраќајци ставиле казни на голем број возила од 1980-тите кои биле паркирани на двојно жолти линии долж улицата. (Фото: Би-Би-Си)

    Снимањето за филмот со Даниел Деј-Луис и Шон Бин во главните улоги беше прекинато кога сообраќајните полицајци почнаа да издаваат казни за погрешно паркирање на возилата што се користат во една сцена. Снимањето се одвиваше во Хендбриџ во Честер за „Анемона“, нов долгометражен филм што го напишаа тројниот оскаровец Деј-Луис и неговиот син, 26-годишниот син Ронан.

    Фотографиите снимени од минувачи покажаа дека општинските сообраќајци ставаат казни на голем број возила о 1980-тите кои биле паркирани на двојно жолти линии долж улицата. Советот на Општината претходно го отфрлил барањето на филмската екипа за затворање на улицата за сообраќај.

    Деј-Луис (67) и неговиот 65-годишен колега Бин, биле видени на локации околу северозападниот дел на Англија во последните денови. Не е познато дали двајцата биле во Хендбриџ кога сообраќајците ги пишувале казните.

    Советникот Хендбриџ, Мет Картер, објави на локалната фејсбук група „Хендбриџ лајф“ дека разговарал со Советот за снимањето и дека му било кажано оти властите не го одобриле барањето на филмската екипа за целосно затворање на улицата.

    „Анемона“ е во продукција на „Фокус фичерс“ и е првата улога на Деј-Луис откако се повлече од актерството во 2017 по „Фантомска нишка“. Тој има освоено три оскари досега, најмногу од сите актери, и тоа за „Моето лево стапало“, „Ќе има крв“ и „Линколн“. „Фокус фичерс“ вели дека „Анемона“ е филм кој ги истражува „сложените односи меѓу татковците, синовите и браќата и динамиката на семејните врски“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира