Едно лице загина, а најмалку 12 се повредени во престрелка на забава во Оклахома Сити во САД денеска рано наутро по локално време, соопшти полицијата.
Две групи влегле во „вербална расправија“ во центарот околу 12:30 часот по локално време, а тепачката се случила на паркинг, каде што се пукало.
„Луѓето потоа се вратија во центарот за настани каде што пукањето продолжи“, рече полицијата, додавајќи дека истражителите веруваат оти ова е изолиран инцидент.
Полицијата рече дека се приведени оние што пукале, но уште не утврдено што довело до тепачката или колку луѓе пукале.