ДОКТОРИТЕ ОД ДЕТСКА КЛИНИКА И „КОЗЛЕ“ НАПРАВИЛЕ ПРЕВИД ПРИ ПРОЦЕНКАТА ЗА ПРИЕМ И НЕНАВРЕМЕНА ПРОЦЕНКА ЗА ТЕЖИНАТА НА БОЛЕСТА НА 14-МЕСЕЧНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПОЧИНА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ

    ДОКТОРИТЕ ОД ДЕТСКА КЛИНИКА И „КОЗЛЕ“  НАПРАВИЛЕ ПРЕВИД ПРИ ПРОЦЕНКАТА ЗА ПРИЕМ И НЕНАВРЕМЕНА ПРОЦЕНКА ЗА ТЕЖИНАТА НА БОЛЕСТА НА 14-МЕСЕЧНОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПОЧИНА, РЕЧЕ ТАРАВАРИНа 5 октомври, на Детска клиника почина 14-месечно девојче кое претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во „Козле“. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за детски болести при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на 14-месечното дете кое почина, а на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ констатирана е неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии, се дел од заклучоците на Комисијата на Министерството за здравство.

    На 5 октомври, на Детска клиника почина 14-месечно девојче, кое претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во „Козле“.

    „Стручниот надзор утврди пропусти од 3 типа: системски, технички и во однос на стручноста. Во системските утврдено е непостоење на препораки или алгоритмни за тријажа на пациенти при прием, и дека треба потреба од континуирана обука од докторите на Детска клиника за срцеви болести. Во однос на техничките пропусти, во ‘Козле’ е утврдена дека има потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една до друга установа“, рече министерот за здравство Арбен Таравари, на денешната прес-конференција.

    Таравари кажа дека извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија во Лекарската комора и оти се надева дека ќе биде разгледан сериозно и ќе се преземат мерки.

    За случајот со 31-годишната родилка од Куманово која на 27 септември почина при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово, комисијата не утврдила неправилности ниту при третманот на бременоста, ниту при породувањето.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира