ТРЕБА ДА ПОМИНАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ КОИ ВАШАТА ЗЕМЈА СЕ СОГЛАСИ ДЕКА ЌЕ ГИ НАПРАВИ, МУ КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА МИЦКОСКИ

    ТРЕБА ДА ПОМИНАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ КОИ ВАШАТА ЗЕМЈА СЕ СОГЛАСИ ДЕКА ЌЕ ГИ НАПРАВИ, МУ КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА МИЦКОСКИЕУ да ни помогне во наоѓањето начини како да продолжи нашиот евроинтегративен пат, без уривање на идеите на кои почива таа, кажа премиерот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ЕУ има јасна цел, а тоа ешто е можно поскоро да се отвори кластерот фундаментални вредности во пристапните преговори на Македонија во Унијата.

    Речиси сме таму, треба да поминат уставните измени кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен приоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече Фон дер Лајен.

    Таа додаде дека Северна Македонија постигна многу и оти покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

    Навистина сакам да ја пофалам Северна Македонија и да оддадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи“, побара претседателката на ЕК.

    На прашање дали за претседателката се прифатливи уставните измени со одложено дејство, Мицкоски не одговори конкретно, рече дека Владата ќе работи напорно за да дојдеме до целта – зачленување во ЕУ, дека тој лично ќе работи за интересите на граѓаните, меѓу кои се и воспоставување на европските вредности кај нас, но истовремено граѓаните да не бидат понижени.

    Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ“, кажа Мицкоски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира