Битолската полиција го упаси Џ. Е. (43) од Битола, татко на три деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение, и против него поднесе кривична пријава за запуштање и малтретирање малолетно лице.
За случајот се дознало откако едно од децата отишло на училиште со телесни повреди. Претставници на Центарот за социјални работи од Битола и стручен кадар од училиштето разговорале со мајката и со трите деца. Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.
Полициски службеници од СВР Битола вчера го уапсиле насилниот татко.
Ж. ЗДРАВКОВСКА