ДУПКА ОД ШАХТА СО ДЕНОВИ СТОИ ОТВОРЕНА НА УЛИЦАТА КАЈ ПОРАНЕШНО СЈО

    ДУПКА ОД ШАХТА СО ДЕНОВИ СТОИ ОТВОРЕНА НА УЛИЦАТА КАЈ ПОРАНЕШНО СЈООбјектот каде беше сместено СЈО сега е затворен и на него стои натпис дека се издава.(Фото: СДК.МК)

    Дупка од шахта со денови стои отворена на новата сервисна улица кај објектот во кој беше сместено поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) во Скопје. Дупката зјае отворена, а за да не пропадне некој поставена е метална шипка која треба да биде предупредување за минувачите и возачите.

    Улицата на која се наоѓа дупката ја направи летово Општина Центар за пристап до зградите кои се направија во овој дел.

    Објектот каде беше сместено СЈО сега е затворен и на него стои натпис дека се издава. Објектот е приватен и кога се формираше Специјалното јавно обвинителство беше изнајмен. Со згаснувањето на СЈО, Јавното обвинителство ги презема предметите и за да не се плаќа кирија се откажа користењето на овие простории.

    Специјалното јавно обвинителство беше формирано со посебен закон, со цел да ги истражи и процесира злоупотребите на власта откриени со незаконито прислушкуваните разговори во времето кога премиер беше Никола Груевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира