ИНСПЕКТОРКАТА ОД КУМАНОВО ФАТЕНА СО МИТО, ОД ПРИТВОР Е ОДНЕСЕНА НА ПРЕГЛЕД, AMA СУДОТ НЕ ЗНАЕ ДЕКА Е ЗАДРЖАНА ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ

    ИНСПЕКТОРКАТА ОД КУМАНОВО ФАТЕНА СО МИТО, ОД ПРИТВОР Е ОДНЕСЕНА НА ПРЕГЛЕД, AMA СУДОТ НЕ ЗНАЕ ДЕКА Е ЗАДРЖАНА ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕДоколку е задржана на лекување установата треба да не извести, меѓутоа до денеска немаме таков податок, велат од Кумановскиот суд. (Фото: СДК.МК)

    Градежната инспекторката вработена во Општина Куманово, која пред три недели беше фатена како прима мито од граѓанин, наместо во притвор во затворот К`шање се наоѓа на лекување во приватна болница во Скопје, поради влошена здравствена состојба. Таа во петокот се пожалила на затворската управа дека има проблеми со срцето и белите дробови, по што со дозвола на судија на претходна постапка во Основен суд Куманово била пренесена на преглед во здравствена установа. Од судот денеска не знаеја дека инспекторката е задржана на лекување.

    „На барање на установата во која ја издржува определената мерка притвор во петок е издена согласност лицето да биде однесено на преглед во болницата ‘Систина’. За другото судот нема податоци. Доколку е задржана на лекување установата треба да извести, меѓутоа до денеска немаме таков податок“, велат од Кумановскиот суд за САКАМДАКАЖАМ.

    Од Казнено-поправната установа (КПУ) – затвор Куманово, велат дека инспекторката прво ја прегледал лекар по општа пракса од Брза помош Куманово, кој дал упат за преглед во „Аџибадем Систина“, па тие побарале одоберение од судот да биде пренесена во Скопје.

    „Ние имаме повратна информација дека притвореното лице е задржано на лекување, но од кои причини и колку време ќе остане немаме известување од болницата. Ние денеска ја препративме информацијата до судот, која најверојатно ќе стигне утре“, велат од Казнено поправната установа (КПУ) Куманово.

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л. Т. (60) од Куманово на 7 ноември, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Примање поткуп.

    „Пријавената, овластен градежен инспектор во Општина Куманово, на 1 ноември годинава, во угостителски објект во Куманово била затекната како прима поткуп. Имено, на 25. септември граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л. Т. во Општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба, кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра“, соопшти МВР.

    Инспекторката била фатена во моментот додека ги земала обележаните пари.

    Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата за обвинението за примање поткуп е при крај, преземени се сите истражни дејствија, сослушани се сведоци и оштетениот, обезбедени се бројни материјални докази, парите, како и видеоматерјал.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира