КУРЦ ДОЈДЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА, НО НЕ И ВО БЕГАЛСКИОТ КАМП „ВИНОЈУГ“

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Гевгелија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУРЦ ДОЈДЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА, НО НЕ И ВО БЕГАЛСКИОТ КАМП „ВИНОЈУГ“

    Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ Себастијан Курц, попладнево во Македонија со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски ја посетија котата (граничниот камен) 59 на македонското-грчката граница, кај Гевгелија. Сепак, Попоски и Курц не го посетија кампот „Винојуг“ каде се сместени бегалци и мигранти кои останаа заглавени во Македонија по затворењето на балканската рута.

    Двајцата министри посетија неколку локации во гевгелиско за електронско набљудување на границата, како и контингентот на австриски полицајци кои во моментот се во Гевгелија.

    Посетата на Курц следи по одлуката на 15 министри на ЕУ минатата недела во Виена, до април да остане затворена Балканската рута за бегалците, која од Грција води преку Македонија до земјите на ЕУ. До тогаш треба да се подготват нови планови и мерки што ќе бидат претставени во април и мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира