В САБОТА ЦЕЛО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ БЕЗ ВОДА, ЌЕ СЕ ЗАТВОРА ГЛАВНАТА ЦЕВКА ЗА ДА СЕ САНИРА ДЕФЕКТОТ ВО КАРПОШ

    В САБОТА ЦЕЛО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ БЕЗ ВОДА, ЌЕ СЕ ЗАТВОРА ГЛАВНАТА ЦЕВКА ЗА ДА СЕ САНИРА ДЕФЕКТОТ ВО КАРПОШОсвен во Карпош 4, санација ќе има на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов. (Фото: СДК.МК)

    В сабота, 21 декември, ЈП „Водовод и канализација“ ќе го санира дефектот кој се појави на улицата Никола Парапунов во скопски Карпош 4, од каде две недели тече вода по улиците. За да се санира дефектот потребно е да биде исклучена главата водоводна цевка, што значи дека Скопје ќе биде без вода до завршување на санацијата.

    Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека дека станува збор за дефект на затварач Ф700 мм и за него изготвен е сложен оперативен план за санација. Покрај на оваа локација, санација ќе има на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов.

    Затварањето ќе биде извршено на затварач Ф1600 кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затварање на вода на главниот градски цевковод Ф1600мм. Затварање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот. Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затварачи, директно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош“, велат од „Водовод и канализација“.

    Оттаму додаваат дека системска промена на 5 децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна заради зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

    Почеток за реализација на оперативниот план и затварање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата. Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните“, додаваат од „Водовод“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира