ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ БИДЕ ИСПЛАТЕНА НОЕМВРИСКАТА ПЛАТА И К-15 ЗА 43 ВРАБОТЕНИ ВО „НИКОБ“ КОИ ОЗБЕДУВААТ ОПШТИНСКИ ЗГРАДИ ВО 30 ГРАДОВИ, А ОСТАНАТОТО ВО ЈАНУАРИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ЛАЗАРОВ

    ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ БИДЕ ИСПЛАТЕНА НОЕМВРИСКАТА ПЛАТА И К-15 ЗА 43 ВРАБОТЕНИ ВО „НИКОБ“ КОИ ОЗБЕДУВААТ ОПШТИНСКИ ЗГРАДИ ВО 30 ГРАДОВИ, А ОСТАНАТОТО ВО ЈАНУАРИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ЛАЗАРОВНовиот тендер за обезбедување на општинските и други витални објекти во државата во наредните три години го доби Праеториан“ ДООЕЛ Скопје; - Општина Штип. (Фото: СДК.МК)

    Aгенцијата „Никоб“ вели дека на 43 вработени во кои обезбедуваат општински и државни и други витални објекти во 30 градови во Македонија, дека ќе бидат исплатени сите плати кои им се должат, а со договор на заедничката комора од областа обезбедување и заедничкиот синдикат ќе се реши и прашањето за К-15. Вработените велат дека последната исплатена плата била за септември, но Лазаров тврди дека била исплатена плата и за октомври, а за декември ќе биде измирена во текот на јануари.

    Директорот на „Никоб“ Кирил Лазаров вели дека овие вработени чиј покровител е владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) не треба да стравуваат за своите побарувања оти тие ќе бидат исплатени во целост. Тој вели дека фирмата како носител на јавна дејност по законот нема обврска да исплаќа регрес за годишен одмор, но сепак секоја година излегувала во пресрет на вработените и по овој основ.

    „Така ќе биде и оваа година. Прашањето за К-15 е задничко на комората од нашата област и во согласност со синдикатот. Иако немаме законска обврска, сепак ќе одлучиме колкав износ ќе изнесува регресот, а тој ќе се исплати последниот ден од оваа година. Во овој контекст, како и секоја година така и оваа на овие вработени ќе им биде доделен новогодишен пакет од вино“, рече Лазаров.

    Службата за општи и заеднички работи распиша тендер за обезбедување во наредните три години на општинските и други витални објекти во државата на кој, според одлуката од 23 декември објавена на сајтот Јавни набавки, победи Служба за обезбедување имоти и лица „Праеториан“ ДООЕЛ Скопје која треба да почне со работа на 1 јануари.

    Лазаров вели дека „Никоб“ намерно не учествувала на овој тендер, зашто не можела квалитетно да работи под дадените услови. Сепак, „Никоб“ ќе излезе во пресрет на СОЗР и на вработените за да го покрие вакуумот од три месеци затоа што нивниот договор заврши во септември 2024.

    „За да му помогнеме на СОЗР, прифативме да продолжиме со работата до крајот на оваа година кога треба да настапи службата за обезбедување која ќе го добие тендерот за наредните три години. Овој дополнителен ангажман нас не чини над 60.000 евра“, вели Лазаров.

    Вработените се надеваат дека најавите од „Никоб“ ќе се исполнат, зашто повозрасните имаат лошо искуство од пред 4 години со претходната фирма „Секјурити“ чиј газда пребега од Македонија, агенцијата отиде под стечај, а вработените и со тужби до денес ги немаат добиено неисплатените плати. За разлика од „Секјурити“ која отиде во стечај, „Никоб“ останува да постои со обезбедување на други објекти, како и со своите други дејности од сферата на медицината и сферата на електронска и телекомуникациска опрема што значи вработените имаат од каде да ги подмират евентуалните побарувања.

    Според објавата на сајтот Јавни набавки на тендерскиот покровител СОЗР, новата компанија за обезбедување „Праеториан“ за извршување на дејноста треба да ангажира нови 167 лица за рок од 3 години.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира