НАГРАДАТА „ФАКТИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“ ЗА ЗАЕДНИЧКИОТ ТЕКСТ НА ТРИ НОВИНАРКИ ОД МРТ, ИРЛ И КАНАЛ 5

    НАГРАДАТА „ФАКТИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“ ЗА ЗАЕДНИЧКИОТ ТЕКСТ НА ТРИ НОВИНАРКИ ОД МРТ, ИРЛ И КАНАЛ 5Лауреатите на новинарските награди што се дел од проектот за поддршка за новинарството како општо добро, поддржан од УНЕСКО и финансиран од ЕУ. (Фото: К. Попов)

    Првата награда за најдобар новинарски текст на конкурсот на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“ ја освоија Сунчица Николовска од МРТ, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ од Канал 5 и Пелагија Младеновска од ИРЛ за „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно како да сме во војна“ објавен на платформата Дома.еду.мк при Институтот за комуникациски студии.

    Втората награда ја доби новинарката Дивна Грданова Караџовска за видеосторијата ТВ Тера од Битола „Како да се спаси моликата“. Наградата за најдобра фотографија ја доби фоторепортерот доби Борис Грдановски од порталот Независен.мк. Пофалници за стории добија новинарите Катерина Топалова од МРТ и Орце Костов од „Фокус“.

    Новинарските награди се дел од активностите на проектот Градење доверба во медиумите во ЈИЕ поддршка за новинарството како општо добро, поддржан е од УНЕСКО а финансиран од ЕУ.

    Првонаградените Николовска и Мирчевска-Јовановиќ изразија благодарност за наградата посочувајќи да се биде новинар денеска значи да се биде глас на граѓаните и на првадата и оти само со транспарентност и одговорност можеме да бараме промени. Посочија дека наградата е факт како три новинарски куќи може да направат одличен производ и се пример за добро известување.

    „Овој настан го организираме во пресрет на 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, кога потсетуваме колку нам како граѓани и новинари ни е драгоцена слободата на изразување. Слободата на прашување и покренување теми преку медиумите, но и слободата на критика поткрепена со факти кога работите во заедницата не одат како што треба. По овој повод ги потсетуваме и властите дома и во светот да се држат до нивните заложби дека ќе негуваат клима на слобода на изразување, медиуми без притисоци и контрола било од политички или бизнис фигури, како основа за реален демократски напредок“, рече Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

    „Како тема за годишните награди ја одбравме човековта околина која е во сериозен ризик и сме бескрајно среќни што одзивот меѓу новинарите беше одличен на нашиот повик. Пристигнаа 30-тина стории од 25 автори новинари и фоторепортери од различни медиуми а речиси сите со силна порака дека деградацијата на природата што го загрозува целиот жив свет на ова сликовито парче земја не смее и понатаму да се игнорира. Не е тоа луксуз туку прашање на опстанок. Пристигнатите стории и фотоалбуми ги разгледуваше тричлена комисија во состав Ирена Мулачка, главна уредничка на магазинот „Фокус“, Горјан Јовановски еко-активист и советник во Град Скопје од независната коалиција ‘Зелен хуман град’ и јас“, рече Георгиевска.

    Евроамбасадорот Михалис Рокас, кој ги врачи наградите, рече дека овие награди доаѓаат од проект на ЕУ за поддршка на новинарството како јавно добро и дека „тие награди ја препознаваат вашата работа што покрива прашања кои што се важни за сите нас како Европејци“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира