Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе престанат со сите воени дејствија на копно, воздух и море“ од 17:00 часот по локално време.
Претседателот на САД Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал рече дека прекинот на огнот е резултат на „долга ноќ на разговори со посредство на САД“, а државниот секретар Марко Рубио ги пофали Индија и Пакистан за нивната „мудрост“ и „разумност“.
Претходно оваа недела, Индија погоди цели во Пакистан и Кашмир под Пакистан, како одговор на смртоносниот милитантен напад врз индиски туристи во Пахалгам минатиот месец – Исламабад негира вмешаност. Рубио рече дека Индија и Пакистан „се договориле за итен прекин на огнот и да започнат разговори за широк сет на прашања на неутрално место“.
Двете земји се обвинуваат меѓусебно за прекугранично гранатирање и напади со ракети и беспилотни летала, откако изминатава недела Индија. Претходно оваа недела, Индија погоди цели во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на смртоносниот милитантен напад врз индиски туристи со 26 жртви во Пахалгам, индиски Кашмир минатиот месец за кој Исламабад негира вмешаност. И Индија и Пакистан и тврдат дека Кашмир е нивна територија во целост.