Во Градскиот парк во близина на бараките на Град Скопје, на 12 мај утрото украдена е спомен-бистата на Крсте Петков Мисирков, а бистата на Кочо Рацин е оштетена. Случајот во полиција е пријавен од ЈП „Паркови и зеленило“.
Истиот ден во 13.25 часот, од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски на подрачјето на Општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била украдена спомен-биста на Пулевски.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека имале пријава оти и од гробни места од градските гробишта Бутел биле украдени две бронзени бисти.
„Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР: