Ракометарите на Еурофарм Пелистер извојуваа победа против Вардар 1961’ (32-30) во Скопје, со што ја обезбедија шампионската титула во Суперлигата. Натпреварот во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје беше докрај неизвесен и битолчани прославија шампионска титула на терен на спортскиот противник. Ова е трета освоена титула по ред на Еурофарм Пелистер од Битола. Во чест на победниците и Саат кулата светна во зелено-бела боја.
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи Чкембари, на голема прослава на 8 јуни во 20 часот, на Платото пред Офицерскиот дом. Тој најави дека на следната седница на Советот ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.
Ж. ЗДРАВКОВСКА