ТАТКО ОД СТРУМИЧКО НОВО СЕЛО ЈА ВРЗАЛ И ЈА СНИМАЛ ЌЕРКА СИ ЗА ДА ПРИЗНАЕ КРАЖБА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА, А ДЕВОЈЧЕТО Е ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО

    ТАТКО ОД СТРУМИЧКО НОВО СЕЛО ЈА ВРЗАЛ И ЈА СНИМАЛ ЌЕРКА СИ ЗА ДА ПРИЗНАЕ КРАЖБА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА, А ДЕВОЈЧЕТО Е ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВОПо објавувањето на снимката, полицијата брзо го идентификувала и го повикала сторителот во полициска станица, каде тој го признал делото. (архивска фотографија)

    Јавното обвинителство во Струмица отвори истрага против татко од Ново Село за кривично дело Запуштање и малтретирање на дете, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој ја врзува својата ќерка. Детето е веднаш згрижено и сместено во згрижувачко семејство преку Центарот за социјални работи.

    Обвинителството ќе предложи и мерки на претпазливост за осомничениот, вклучувајќи забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа, обврска за повремено јавување кај надлежно службено лице и забрана за приближување на девојчето.

    Претходно, Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.Ч. од Ново Село за „насилство врз дете“. Инцидентот се случил на 8 јули во дворот на семејната куќа, каде таткото, кој е старател на својата 11-годишна ќерка по разводот, ја врзал со јаже околу вратот и рацете.

    На видеото кое самиот го снимил со мобилен телефон, се слуша како возрасниот маж бара од детето да признае наводна кражба на пари. По објавувањето на снимката, полицијата брзо го идентификувала и го повикала сторителот во полициска станица, каде тој го признал делото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира