РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ЗА АРХИТЕКТОТ ЖИВКО ПОПОВСКИ ВО МСУ ВО СКОПЈЕ

    РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ЗА АРХИТЕКТОТ ЖИВКО ПОПОВСКИ ВО МСУ ВО СКОПЈЕИзложбата го осветлува проектантскиот опус на Поповски низ оригинални проекти, цртежи, фотографии и видеа

    Ретроспективна изложба за еден од најпознатите македонски архитекти Живко Поповски ќе се отвори на 3 септември во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје во 20 часот. Изложбата насловена „Живот посветен на архитектурата“ претставува прва сеопфатна презентација на делото на Поповски (1934-2007) и се темели врз повеќегодишното истражување на професорките Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја.

    Преку ексклузивни материјали од приватната архива, изложбата го осветлува проектантскиот опус на Поповски, при што ќе можат да се видат десетици оригинални проекти, цртежи, фотографии и видеа.

    Поповски пред едно од своите најпознати дела, Градски трговски центар во Скопје

    Сиот овој документарен материјал го прикажува Живко Поповски како вистински вљубеник во архитектурата, кој го посветил својот живот замислувајќи и проектирајќи архитектура со интимна посветеност. Низ оваа изложба, неговата архитектонска имагинација се разоткрива како исклучително комплексна и дијалектичка“, стои во најавата на изложбата.

    Поставката се состои од шест тематски целини насловени Холандска епизода, Фокус „ГТЦ – Собрание на Град Скопје“, Архитектонски конкурси, Охридска архитектонска школа, На Скопје, со љубов! и Обрасци на архитектонската имагинација.

    Изложбата ќе може да се посети до 15 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира