Сулејман Љамалари познат како Командант Барути, денеска доби неправосилна пресуда од судија на Кривичниот суд Скопје, за насилство врз градоначалничката Данела Арсовска додека откриваше дивоградби во Чаир.
„Судот го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години, а поради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје“, вели Кривичниот суд.
Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот Љамари му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначено во мерка притвор.
По однос на мерката притвор, судот одлучи таа да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 дена.
Обвинетиот призна дека вербално ја навредувал Арсовска, а не и дека ја удрил. Напротив, рече дека таа го удрила по нога.
С. К. ДЕЛЕВСКА