ВЕРУВАМ ДЕКА ТУРСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ЗАПОЧНАЛА СО БРАЌАТА МАНАКИ, РЕЧЕ ЛАУРЕАТОТ СЕМИ КАПЛАНОГЛУ ВО БИТОЛА

    ВЕРУВАМ ДЕКА ТУРСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ЗАПОЧНАЛА СО БРАЌАТА МАНАКИ, РЕЧЕ ЛАУРЕАТОТ СЕМИ КАПЛАНОГЛУ ВО БИТОЛАСеми Капланоглу годинава е е добитник на Златна Камера 300. (Фото: ИФКФ Браќа Манаки)

    Турскиот режисер Семи Капланоглу, добитник на Златна Камера 300 за особен придонес во светската кинематографија на годинешното издание на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, на прес-конференцијата рече дека браќата Манаки се дел и од турската кинематографија.

    „Голема е честа што сум тука, затоа што верувам дека турката конематографија започнала со браќата Манаки“, рече Капланоглу.

    Капланоглу е признат турски сценарист, режисер и продуцент, познат по филмовите од Трилогијата за Јусуф, „Јајце“, „Млеко“ и „Мед“. Со „Мед“ освои Златна мечка на Берлиналето во 2010, што беше првпат турски филм да ја добие престижната награда после 1964.

    На мастеркласот зборуваше и за неговото детство и родители, за почетоците во неговата кариера, како и за искуствата со снимањата на филмовите на кои работел. Сподели интересни случки поврзани со неговото образование на Универзитетот „Докуз Ејлул“, каде што дипломирал за филм и телевизија.

    „Во 1980-тите години, немавме баш слободна средина во тоа време, имавме потешкотии да стасаме до негативи од филмови или филмови кои можевме д ги користиме во нашето образование. Бевме во класот само пет студенти. Мојот професор Октај, на секој од нас ни даде камера од 8мм. Ни кажа дека лентите се заклучени, а дека секоја лента трае по 3 минути. Рече да излеземе и да снимиме наши филмови. Ние ги снимивме нашите филмови, а јас внимавав буквално на секоја снимена секунда. Откако ги вративме камерите на професорот, професорот ни кажа дека може да ги отвориме камерите и да ги изваиме лентите, по што сфативме дека камерите се празни, без ленти. Тој ден научив дека филмот не е снимен во камерата, туку во умот. Тоа беше важна лекција за мене“, рече Капланоглу.

    Претседателот на жирито, францускиот кинематографер Денис Ленуар. (Фото: ИФКФ Браќа Манаки)

    Претседателот на жирито, францускиот кинематографер Денис Ленуар, рече дека за него фесивалот досега беше мит за кој имал слушал претходно, а сега му се остварила желбата да дојде тука.

    „Сум чул за ‘Браќа Манаки’ како за некој мит, како за некој мал фестивал што стои таму некаде скриен, тешко е да се дојде до него, но сите кои се враќаат од таму се со сјај во очите и зборуваат многу возбудено дека тоа е многу прекрасно, дека тоа е една заедница на блиски поврзани студенти, кинематографери, режисери, млади таленти… Конечно сум тука и сѐ што видов досега е навистина чудесно“, рече Ленуар.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира