ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ХАМАС ИМА ТРИ-ЧЕТИРИ ДЕНА ДА ОДГОВОРИ НА НЕГОВИОТ МИРОВЕН ПЛАН ЗА ГАЗА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ХАМАС ИМА ТРИ-ЧЕТИРИ ДЕНА ДА ОДГОВОРИ НА НЕГОВИОТ МИРОВЕН ПЛАН ЗА ГАЗАТрамп предупреди дека Хамас ќе се соочи со „многу тажен крај“ ако го одбие предлогот (Фото: АП)

    Доналд Трамп му порача на Хамас дека има три-четири дена за да одговори на мировниот план за Газа, што го претстави вчера по средбата со Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Планот кој содржи 20 точки предвидува моментално завршување на војната, ослободување на сите заложници и претворање на Газа во демилитаризирана зона, во која Хамас не би имал никаква улога.

    Трамп предупреди дека Хамас ќе се соочи со „многу тажен крај“ ако го одбие предлогот, за кој кажа дека ќе ја заврши војната во Газа и ќе донесе мир на Блиски Исток.

    Израел и арапските лидери веќе го одобрија планот и само го чекаме Хамас да донесе одлука. Имаат три-четири дена да одговорат. Хамас или ќе го стори тоа или не, а ако не го стори тоа, тоа ќе биде многу тажен крај. Нема многу простор за понатамошни разговори за предлогот“, кажа Трамп.

    Тој вчера кажа дека ќе му даде полна поддршка на Израел да прави што сака ако Хамас го одбие неговиот план.

    Хамас плати висока цена, неговото раководство беше убиено веќе трипати. Едноставно е, од Хамас бараме да ги врати заложниците и добро да се однесува“, рече Трамп.

    Извор близок до Хамас изјави дека ќе им требаат неколку дена за анализирање на планот и дека во тек се интерни консултации. Друг палестински извор изјави за „Ројтерс“ дека планот е целосно пристрасен кон Израел и наметнува невозможни услови што имаат за цел да ја елиминираат групата.

    Она што Трамп го предложи е усвојување на сите израелски услови, кои не им даваат на палестинскиот народ и на жителите на Појасот Газа никакви легитимни права“, рече овој палестински функционер.

    Планот предвидува и постепено повлекување на Израел од Газа, разоружување на Хамас и воведување преодна влада предводена од меѓународно тело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира