Излезноста на Локалните избори до 9:15 часот е 3 проценти. Како што соопштија утрово од Државната изборна комисија, од вкупниот број запишани избирачи во избирачкиот список, стигнати се податоци од 76,91% од избирачките места.
Според податоците од ДИК, во Битола излезноста е 3,38%, Богданци 4,68%, Боговиње 1.29%, Бутел 3,63%, Вевчани 5.02%, Врапчиште 0.87%, Гевгелија 4,30%, Гостивар 1,71%, Градско 5,61%, Делчево 4,11%, Дојран 5,06%, Карпош 3.09%, Kисела Вода 3.65%, Кичево 2,35%, Кратово 5,13%, Куманово 1,91%, Липково 2,02%, Лозово 6,36%, Охрид 2,82%, Прилеп 3,41%, Пробиштип 6,64%, Ресен 5,01%, Сарај 2,46%, Струмица 3,92%, Тетово 2,08%, Центар 2,84% и во Штип 3%,
Државната изборна комисија информираше дека навреме се отворени сите гласачки места и гласањето се одвива без никакви проблеми. На две гласачки места гласањето се одвива без биометриска идентификација поради технички проблеми.
„Во Куманово на избирачкото место број 1133, во кое се запишани 12 гласачи, немаше струја и ДИК согласно Изборниот законик, донесе одлука гласањето да продолжи непречено со употреба на УВ спреј и ламба. Поради технички проблеми, на избирачкото место 2271 во Штип, каде се запишани 507 избирачи, исто се гласа со УВ спреј и ламба за идентификација“, кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Право на глас на Локалните избори имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата, додека останатите 112.000 се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата.
А. АНТЕВСКА