КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ НЕ ГО ИЗГЛАСА КУРТИ ЗА ПРЕМИЕР, ОСМАНИ МОРА ДА НАЗНАЧИ НОВ МАНДАТАР ИЛИ ДА РАСПИШЕ ИЗБОРИ

    КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ НЕ ГО ИЗГЛАСА КУРТИ ЗА ПРЕМИЕР, ОСМАНИ МОРА ДА НАЗНАЧИ НОВ МАНДАТАР ИЛИ ДА РАСПИШЕ ИЗБОРИКурти доби само 56 гласа во парламентот со 120 места - пет помалку од потребното мнозинство за формирање влада. (Фото: АФП)

    Собранието на Косово денеска не го изгласа Албин Курти за премиер, зголемувајќи ја веројатноста дека ќе бидат распишани предвремени избори за да се прекине политичкиот ќорсокак  откако немаше победник на парламентарните избори во февруари. Курти, лидер на партијата Самоопределување, кој моментално е премиер во привремен мандат, доби само 56 гласа во парламентот со 120 места – пет помалку од потребното мнозинство за формирање влада.

    Oпозициските партии, Демократската партија на Косово (ПДК), Демократската лига на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК), гласаа против кандидатурата на Курти.

    Останува нејасно дали претседателката Вјоса Османи ќе побара од второпласираната или третопласираната партија да формира влада. И двете рекоа дека мислат оти треба да се одржат нови избори.

    Опозициските партии одбија да владеат со Курти, критикувајќи го неговото справување со односите на Косово со неговите западни сојузници и неговите постапки во етнички поделениот северен дел на Косово, каде што живее српско малцинство.

    Курти, левичар,  дојде на власт во 2021  кога коалицијата предводена од Самоопределување доби над 50 отсто од гласовите и обезбеди мнозинство од седум места во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира