„СУПОРТ КОЧАНИ“ СОБРА УШТЕ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КОИ СЕ РАСПРЕДЕЛЕНИ НА 137 ЛИЦА

    „СУПОРТ КОЧАНИ“ СОБРА УШТЕ 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КОИ СЕ РАСПРЕДЕЛЕНИ НА 137 ЛИЦАОд вкупната сума од 10.944.793 денари, еден милион се за данок, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71.900 денари. (Фото: Супорт Кочани)

    Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ преку донации собра уште 11 милиони денари, кои се распределини на 137 лица кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. Средствата се од компании, здруженија, групни акции и од хуманитарни настани организирани во земјата и странство.

    На фејсбук профилот на „Супорт Кочани“ се вели дека од вкупната сума од 10.944.793 денари, еден милион се за данок, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71.900 денари.

    „Транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределба на средствата од заедничката сметка за донации преку ‘SupportKocani‘, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди“, се вели во објавата на „Супорт Кочани“ на социјалните мрежи.

    Во септември, граѓанската иницијатива објави дека од задничката сметка за донации за настраданите во пожарот се распределени 7.780.500 денари на 133 лица, односно 58.500 денари по лице.

    „Супорт Кочани“ пред два месеца го отвори центарот за млади „Гнездо“ како центар за психо-социјализација на повредените во пожарот.

    Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март оваа година, загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира