РУСИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАПАДНЕ НАТО ВО РОК ОД ПЕТ ГОДИНИ, МОРА ДА БИДЕМЕ СПРЕМНИ, ВЕЛИ РУТЕ

    РУСИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАПАДНЕ НАТО ВО РОК ОД ПЕТ ГОДИНИ, МОРА ДА БИДЕМЕ СПРЕМНИ, ВЕЛИ РУТЕРуската економија е во воена состојба повеќе од три години (Фото: АП)

    Русија би можела да нападне членка на НАТО во следните пет години, предупреди шефот на западната воена алијанса Марк Руте, повикувајќи ги сојузниците да ја засилат својата одбрана за да спречат таква војна. Тој вели дека повеќето членки на НАТО не ја сфаќаат итноста на заканата од Русија и мора брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана за да спречат војна од размер како онаа што ја виделе минатите генерации.

    Русија веќе ја засилува својата тајна кампања против нашите општества. Мора да бидеме подготвени за војна со обем што ја доживеале нашите баби и дедовци или прабаби и прадедовци. Ние сме следната мета на Русија. Многумина веруваат дека времето е на наша страна. Не е. Времето за акција е сега. Конфликтот е пред нашата врата. Русија ја врати војната во Европа и ние мора да бидеме подготвени“, кажа Руте.

    Москва ги отфрла ваквите тврдења како хистерија. Владимир Путин неодамна кажа дека Русија не планира војна со Европа, но е спремна за неа уште сега ако Европа сака или почне војна. Русија даваше слични изјави и во 2022, пред да испрати 200.000 војници во Украина.

    Путин не е искрен. Поддршката на Украина е гаранција за европската безбедност. Ако Украина дојде под руска окупација, руските сили ќе извршат притисок врз границата со НАТО и ќе има значително зголемен ризик од вооружен напад врз нас“, смета Руте.

    Руската економија е во воена состојба повеќе од три години и нејзините фабрики произведуваат сè поголеми залихи на беспилотни летала, ракети и гранати. Според неодамнешен извештај на Институтот за светска економија во Кил, Русија секој месец произведува околу 150 тенкови, 550 пешадиски борбени возила, 120 дронови „лансет“ и повеќе од 50 артилериски оружја. Велика Британија и повеќето нејзини западни сојузници не се ни блиску до оваа точка.

    Аналитичарите велат дека ќе бидат потребни години за фабриките во Западна Европа да се приближат до масовното производство на оружје на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира