НОВИНАРИТЕ ОД МПМ ОД ДЕНЕСКА ШТРАЈКУВААТ ОСУМ ЧАСА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИНАРИТЕ ОД МПМ ОД ДЕНЕСКА ШТРАЈКУВААТ ОСУМ ЧАСА

    Штрајкот на новинарите од весниците на МПМ, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ од денеска е со времетраење од 8 часа, соопшти Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

    „Ова е од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период“, велат од ССНМ.

    Од Синдикатот информираа дека револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско-социјална положба и игнорантскиот однос на менаџментот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира