На осумгодишно дете е село Врапчиште му eксплодирала петарда в рака, сооопшти СВР Тетово. Несреќата се случила вчера, а во 15:10 часот во гостиварската плиција од од Ургентниот центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник.
„Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, Гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.
Вчера, во периодот од 14:40 до 19:15 часот во Тетово, на различни локации, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа А. М. (34), Н. Ф. (53), двајцата од Тетово и Н. Ј. (40) од село Селце, Тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
З. АНДОНОВ



