ТАЈНАТА ЌЕРКА НА ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ПОЧИНА ОД РАК НА 48 ГОДИНИ

    ТАЈНАТА ЌЕРКА НА ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ПОЧИНА ОД РАК НА 48 ГОДИНИВо биографијата на Меркјури се тврди дека детето било зачнато случајно, кога тој имал афера со сопругата на близок пријател во 1976 (Фото: Вајримиџ)

    Семејството на тајната ќерка на Фреди Меркјури соопшти дека таа починала на 48 години од редок вид на рак. „Дејли мејл“ објави дека фронтменот на „Квин“ ја викал Биби и напишал неколку песни за неа.

    За постоењето на наводната тајна ќерка на Меркјури првпат се дозна минатата година, кога авторката Лесли-Ен Џонс објави негова биографија насловена „Љубов, Фреди“.

    Во книгата се тврди дека детето било зачнато случајно, кога Меркјури имал афера со сопругата на близок пријател во 1976 година. Меркјури редовно ја посетувал својата ќерка и ѝ дал 17 тома детални лични дневници, кои таа ги чувала во тајност. Жената позната само како Б, која работела како медицинско лице во Европа, ја споделила содржината на дневниците со рок-биографката Лесли-Ен Џонс.

    Фреди ја викал трезор, што е француски збор за богатство и ѝ ги посветил песните на ‘Квин‘, ‘Bijou’ и ‘Don’t Try So Hard’. Тој останал во добри односи со неа до својата смрт во 1991“, кажа Џонс по повод смртта на Биби.

    Сопругот на Биби, Томас, го известил „Дејли мејл“ дека таа починала мирно, по долга битка со редок вид на рак на ‘рбетот.

    Славниот пејач почнал да пишува дневници на 20 јуни 1976, кога првпат дознал за бременоста, два дена откако „Квин“ го објавил синглот „You’re My Best Friend“. Последниот запис во дневниците е од 31 јули 1991.

    Имавме многу блиски односи од моментот кога се родив и во последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше посветен. Околностите на моето раѓање може да изгледаат, според стандардите на повеќето луѓе, необични, па дури и навредливи. Тоа никогаш не ја намалило неговата посветеност да ме сака и да се грижи за мене“, кажа Биби за книгата на Џонс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира