СЕ ЗГОЛЕМИ КОРИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ШТИП ОТКАКО ПОСКАПЕ ТАКСИТО

    СЕ ЗГОЛЕМИ КОРИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ШТИП ОТКАКО ПОСКАПЕ ТАКСИТОЈавниот превоз чини 30 денари во еден правец или 50 денари за повратен билет за сите градски линии. (Фото: СДК.МК)

    Откако поскапе такси превозот во Штип, се зголеми користењето на јавниот превоз, кој се обнови во јануари лани, кога беа набавени повеќе.нови автобуси. ЈП„ Стипион“, кое го организира јавниот превоз, сега располага со девет автобуси и три комбиња со вкупен капацитет за 700 патници.

    Директорот на јавното претпријатие Панче Стефановски вели дека со поскапувањето на таксито има поголем број патници во јавниот превоз.

    „Ако такси превозот сега чини 70 денари само за старт и секој нареден километар се наплаќа по 25 денари, јавниот превоз чини само 30 денари во еден правец или 50 денари за повратен билет за сите градски линии. Студентите и граѓаните кои редовно користат јавен превоз можат да си купат месечен билет за 500 денари со неограничено возење на сите линии во градот. Пензионерите дури имаат и еден ден за бесплатно возење и тоа во петок, кога во Штип е пазарен ден. Комплетно бесплатен превоз во кое било време имаат лицата со посебни потреби и социјално најзагрозените лица“, вели Стефановски.

    Со оглед на зголемениот интерес, Стефановски најавува дека во план се набавки на нови автобуси, па се очекува капацитетот да се заокружи за 1.ооо патници. Исто така, се планира да се зголемат и автобуските постојки и бројот на линиите во еден ден. Сите градски и приградски населби во текот на денот добиваат осум автобуски линии, а линии има и за населбите во село.

    „Во соработка со Општина Карбинци, нашите автобуси сообраќаат и кон селата во овој регион. Истиот автобуски превоз е прилагоден и за потребите на учениците кои го користат превозот бесплатно. За време на нивниот зимски распуст линиите беа редуцирани, но од 20 јанаури, кога започнува второто полугодие, пак ќе бидат воведени тие линии со возен ред според потребите на учениците“, вели Стефановски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира