СЕДУМ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ КОЈ СО СЕКИРА ГИ НАПАДНАЛ МАЈКАТА И БРАТОТ НА СОПРУГАТА НА СЕМЕЈНА ГОЗБА

    СЕДУМ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ КОЈ СО СЕКИРА ГИ НАПАДНАЛ МАЈКАТА И БРАТОТ НА СОПРУГАТА НА СЕМЕЈНА ГОЗБАСудот истовремено му ја продолжи и мерката притвор до почетокот на издржување на затворската казна. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд во Штип го осуди 38-годишниот штипјанец С. М. на 7 и пол години затвор за кривичното дело Убиство во обид, по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Пресудата е неправосилна, а осудениот се обидел да ги убие мајката и братот на неговата сопруга.

    Според пресудата, на 3 август 2025 во населбата Баби во Штип домаќините за зетот С. М. приредиле гозба зашто со сопругата се вратиле од Германија, но настанала расправија по која тојја зел секирата и ги нападнал бабата и шурата, кои биле повредени. На судскиот процес било утврдено дека тој имал 0,29 промили алкохол во крвта, па нејасни се мотивите за нападот.

    Судот истовремено му ја продолжи и мерката притвор до почетокот на издржување на затворската казна.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира