Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, рече претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот, најавувајќи го протестот на 28 јануари. Од Синдикатот бараат минималната плата да биде 600 евра и зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари.
„Ова е денот кога зборуваат работниците. Овој протест не е за ‘ако имаш време’ па ќе дојдеш, не е ниту за ’чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 часот, ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа‘, рече Трендафилов .
Според Трендафилов, во моментот во Македонија повеќе од 200.000 работници имаат плата под 31.200 денари и живеат под прагот на сиромаштија. Во исто време, додава тој, власта планира да ги зголеми платите на функционерите за 10 отсто, односно од 200 до 300 евра.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници денеска изјави дека ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикати и ќе се вклучи на протестот .



